|
PPDM 62P e преточна пумпа со двојна мембрана погонувана со компримиран воздух. Наменета е за поставување директно врз садот од кој што треба да ја испумпува течноста, а при тоа течноста е повискозна. Всисната гранка завршува со всисна цевка. Пумпата е изработена во полипропилен. Мембраните во зависност од потребата можат да бидат од NBR, EPDM, NBR за прехрана, NR за прехрана, Viton и PTFE. Куќиштето на вентилот, наседот на вентилот и вентилската плочка се изработени од нерѓосувачки челик (304 SS). Димензиите на вентилите се зголемени за да се подобри пропустливоста, што е потребно при транспорт на повискозни материи.
- идеална за вискозни и абразивни материи
- може да работи неограничено долго на суво
- при блокиран потис нема опасност од оштетување
- погонскиот воздух не се намаслува
- нема одржување
- нема опасност од експлозија |
|
Димензии
Висина
Ширина
Должина
Должина на всисната цевка
Тежина
Приклучок на воздух
Всис
Потис
|
.
466 mm
225 mm
250 mm
1000 mm
5.5 kg
3/8”
22 mm
22 mm |
|
Перформанси
Максимален проток
Максимален притисок на воздухот
Максимална всисна висина на суво
Максимална всисна висина на влажно
Максимална потисна висина
Максимална големина на цврсти делови
Максимална температура
|
.
120 lpm
8 bar
4.2 m
8 m
50 m
5 mm
85 C |
Материјали
Пумпна глава и вентилски гранки: полипропилен
Kуќиште на вентил: 304 SS
Вентилска плочка: 304 SS
Насед на вентилска плочка: 304 SS
Мембрани: NBR, EPDM, NBR за прехрана, NR за прехрана, Viton и PTFE. |
|